До утре ќе се примаат апликации за субвенции за млади земјоделци

Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија/ Фото: МИА

Финансиската поддршка е наменета за млади лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите најдоцна до утре да поднесат апликација за неповратни 20 илјади евра финансиска помош наменета за млади земјоделци, порачуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Финансиската поддршка е наменета за млади лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Услов е корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, а носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 „Млади земјоделци”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот