Дневен хороскоп за 03.12.2019: Раковите ќе го пронајдат својот идеален партнер во некоја блиска личност, а Девиците ќе заработат многу пари – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

Дневен хороскоп за 03.12.2019: Раковите ќе го пронајдат својот идеален партнер во некоја блиска личност, а Девиците ќе заработат многу пари

ОВЕН
Конечно ќе се изреализира еден деловен план во склад со кој ќе се развијат вашата кариера и статус. Ќе успеете да се ослободите од малите љубовни грижи. Денешниот ден ќе ја врати ведрината во вашите лични односи. Наполнете ги батериите со лесна гимнастика.

БИК
Вашите блиски соработници ќе бидат многу оригинални, но прилично неуспешни во реализацијата. Затоа вие со вашите утописки идеи сте тука да им помогнете. Ќе сфатите дека нема излез и ќе мора да ја прифатите ралноста таква каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука со која ќе треба да се сносите. Не пијте ладни напитоци.

БЛИЗНАЦИ
Вашите изгледи ќе варираат од момент до момент. Нема да се покаже стабилна подлога за вашата промоција. Денес односите со некоја личност од работа би можеле да се развијат до ниво на зближување. Бидете будни и отворени. Посветете внимание на вашата исхрана.

РАК
Важно е да не се концентрирате само на вашите идеи, туку да се обидете да ги прифатите и туѓите. Некои Ракови во својата драга личност ќе го препознаат идеалниот партнер. Ќе бидат малку збунети, но и спремни за акција. Одете таму каде што ви е добро.

ЛАВ
На работа се ќе правите со леснотија и желба. Што и да правите, ќе се забавувате. Многу Лавови ќе најдат интересни теми во своите мисли и така ќе ги прескокнат непријатните расправии и ќе ја заборават самотијата. Воздржете се од коментари.

ДЕВИЦА
На некои Девици ќе им „легнат“ пари на сметка, а други ќе смислат уште подобар начин на заработка. Трети пак, ќе работат надевајќи се на подобра заработка. Внимавајте да не повредите некоја драга личност со вашиот духовит, но непримерен речник. Контролирајте се. Немојте да поддржувате нешто со што не се согласувате.

ВАГА
Можни се мали препирки со вашите шефови. Нивните идеи се помалку ексцентрични, а вие сте премногу озбилни. Одличен е денот за сите оние кои се заљубени, млади и желни за друштво. Но, Вагите во врска исто така потполно ќе уживаат. Добро се снаоѓате.

СКОРПИЈА
Можете да пребродите што и да ве снајде. Затоа немојте да правите проблеми таму каде што воопшто ги нема. Некои тајни би можеле да испиваат на површина и така да ви разјаснат нешто што оддамна ве мачело. Ќе бидете во одлична форма.

СТРЕЛЕЦ
Сите кои се занимаваат со алтернативни активности, денес ќе бидат во добивка. Останатите ќе бидат фокусирани на невидливите работи во работата. Не одете во нечија прегратка само затоа што не сте нашле подобро. Поздраво е да бидете сами отколку со некого на сила. Не пипкајте таму каде што не треба.

ЈАРЕЦ
Ќе дојдете до заклучок дека доволно сте постигнале во склад со вашите цели кои сте си ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство. Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се одвива на многу убав начин. Тоа ќе ве мотивира на уште поубави активности. Не седете на ладно.

ВОДОЛИЈА
Ќе треба да поработите на некоја работа од претходно. Веројатно се работи за некоја промена или мала корекција. Конечно ќе ги пронајдете вистинските зборови со кои ќе ги подобрите односите со саканата личност. Оние Водолии кои што се сами, успешно ќе флертуваат. Можна е настинка.

РИБИ
Вашите колеги со некои непромислени постапки ќе предизвикаат несогласување и нестабилност. Нема да ви биде мило. Оние кои бараат сродна душа, нека искочат без разлика на се. Подобро е да се биде помеѓу луѓе и малце да се поразговара. Посветете се на она што го сакате.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close