ДКСК: Од први јануари стартува електронско поднесување на анкетните листови за имотната состојба

дкск
ДКСК/ фото Архива

Од први јануари 2024 години ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата.

-Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk/, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК, соопшти Антикопциска.

Вчера на Комисијата беше разгледан и Годишниот план за следење на имотната состојба и интересите за 2024 година, Годишниот план за антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година, како и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотната состојба и интересите.

Според Годишниот план за следење на имотна состојба и судир на интереси, во 2024 година ДКСК во новиот состав треба да ја исконтролира имотната состојба на четворица судии и јавни обвинители, тројца директори на болници, четири градоначалници и советници во советите на општините, како и имотната состојба на тројца директори на јавни претпријатија и на акционерски друштва во државна сопственост, а ќе се проверуваат и други функционери за кои има укажување во текот на постапките, соопштија Антикорупционерите.

Според усвоениот Годишен план за антикорупциска проверка на легистивата за следната година, законите коишто ќе бидат на листа за антикорупциска проверка, закони ќе се земат во работа според проценката за ризиците во тие области, се: Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за финансиска полиција, Законот за ДКСК, Законот за лобирање, Законот за судови, Законот за јавно обвинителство, Законот за административни службеници и Законот за вработување во јавната администрација.

Антикорупциска: Набавката на мазут од ЕСМ за потребите на ТЕЦ Неготино открива висока и системска корупција, обвинителството да се зафати со случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот