ДКСК: Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запознаена

Можноста преку електронска платформа секој граѓанин да го следи процесот, ќе обезбеди, смета ДКСК, почитување на начелото на транспарентност во спроведувањето на мерката.

Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запознаена, како и мерки кои не се непосредно поврзани со санирање на последиците од корона кризата, укажува Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Комисијата која на 21 и 22 мај заедно со претставник од Платформата на граѓанските здруженија за борба против корупција имаше средба со министерката за финансии, Нина Ангеловска и со советникот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи во врска со третиот сет економски мерки, апелира и да се внимава едно лице да не користи надоместоци од различни мерки, да се обезбеди целосна транспарентност за лицата кои како корисници ќе бидат опфатени со секоја мерка поединечно.

Можноста преку електронска платформа секој граѓанин да го следи процесот, ќе обезбеди, смета ДКСК, почитување на начелото на транспарентност во спроведувањето на мерката.

Прочитајте и...  Јанушев: СДСМ не работи на проекти, одлика на СДСМ е корупцијата и криминалот

На средбата за третиот антикризен пакет, Ангеловска и Битиќи информирале дека при подготовката на мерките се следеле препораките на ЕК и ОЕЦД, кои се дадени во насока на опоравување на земјите погодени од пандемијата. Министерката и советникот рекле дека мерките се темелат на спроведена анализа и проценка на состојбите во домашната економија, на компаративна анализа со земјите од регионот, како и на анализа на ефектите од презементите мерки.

– Исто така бевме известени дека само четири мерки е можно побрзо да сереализираат, откако ќе бидат целосно завршени сите делови од процесот на подготовка, што е извесно да се случи во третиот квартал на годината. Како што беше наведено, мерките биле подготвени низ екстензивен консултативен процес со многу експерти и претставници на коморите и политички партии од опозицијата, со единствена цел да сестимулира потрошувачката и да се поткрепи домашната понуда, односно да се намалат последиците од кризата во економијата, наведува ДКСК.

Прочитајте и...  Заев: Повторниот очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги заплашат граѓаните со федералзиација е доказ дека губат!

Станува збор за мерките: Домашна платена картичка од 9.000 денарии Поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6.000,денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари со кои се опфатениранливи категории и семејства кои имаат приход помал од 15.000 денари. Изборот на корисниците на оваа мерка ќе се врши систевесмски односно електронски врз основа на вкрстување на податоците од Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, при што во Генералниот Секретаријат ќе се креира платформа на корисници.Со тоасе избегнува ризикот од селективен избор на корисниците, акраткиот рок од 30 дена за реализација на меркитедавауверување дека преку зголемената потрошувачка на населението ќе се ублажат последиците што ги трпи економијата одкризата.

Прочитајте и...  Триесетдневен притвор за поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Мерката „награда на докторите и медицинскиот персонал на инфективните одделенија” во овој период на пандемија не е предмет на проценка од аспект наризик на влијание врз гласачкото тело, мерката „надомест за невработеност за лицата кои го изгубиле работното место” не е нова мерка, туку е дополнета со бројот на лицата кои спогодбено останале без вработување.

Прашањата на ДКСК и на претставникот на Платформата на средбата, како што информира Комисијата, биле насочени кон можното влијание на мерките врз гласачите доколку предвремените избори наскоро се одржат, при што фокусот бил ставен на тоа дали мерките се носат поради неопходна потреба, нужност и итност, односно дали се тесно поврзани со причина која предизвикала настанување на вонреднатасостојба, кои се критериумите за определување на целната група корисници и дали се почитува начелото на транспарентност и отчетност.

Прочитај повеќе

Серија инциденти пред Собранието на Србија во Белград (ВИДЕО)

МИА Агенција

Реакција на српската Демократска партија за протестите во Белград

Слободен печат

Демонстрантите ја нападнаа полицијата во Белград, употребен и солзавец

Слободен печат

Нови демонстрации во Србија, Парламентот го опколи жандармеријата (ВИДЕО)

Слободен печат

Вучиќ од Париз: Мислам дека конечно паднаа сите маски!

Слободен печат

Во светот денеска рекорден број новозаразени: СЗО признава дека не може да се искорени вирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад

Слободен печат

Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира

МИА Агенција

Николоски: Мојот против кандидат е „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава

Слободен печат

Филипче: Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам, ние сме победници

Слободен печат

Заев: После поразот Мицкоски нема да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Мицкоски: Да ставиме крај на криминалот и разнебитувањето

Слободен печат