Директорот на болницата во Лариса: „Постојано ни носат деца, страшно е“

Грција несреќа/ Фото: Leonidas Tzekas / Eurokinissi / imago stock&people / Profimedia

Грција е во шок откако во смртоносниот судир на патнички и товарен воз кај Лариса загинаа десетици патници. Директорот на болницата во Лариса вели: „Постојано ни носат деца, страшно е“.

„Тоа е она што навистина е страшно. Од првиот до последниот момент, повеќето од пациентите што се лекувале во болницата биле студенти на возраст од 20 до 25 години“, изјави директорот на Клиниката за ортопедија во Лариса, Костас Баргиотас.

Ситуацијата, како што посочи тој, ќе биде еднакво болна кога семејствата ќе почнат да ги препознаваат жртвите на железничката катастрофа.

Според последните официјални податоци, животот во несреќата го загубиле најмалку 36 луѓе, а властите стравуваат дека оваа бројка може да расте.

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа.

ВИДЕО | Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот