Динго нападнало девојче на австралиски остров, ја грабнало и држело под вода

Фото Јутуб принтскрин

Динго вчера нападнало девојче на австралискиот остров Фрејзер, по што тоа било пренесено во болница. Детето, за кое австралиските медиуми пишуваат дека е основец, пливало во моментот на нападот, а дингото наводно ја грабнало и ја држело под вода неколку секунди, рекле спасувачите.

Иако членовите на семејството веднаш дошле на помош и го избркале дингото, девојчето се здобило со повреди од каснувања на главата и прстите. Таа со хеликоптер е пренесена во болница во стабилна состојба. Нападот на дивото куче се случил вчера во 16:40 часот по локално време, пишува Би-Би-Си.

Околу 200 вакви животни живеат на островот Фрејзер во Квинсленд, популарна туристичка дестинација со статус на светско наследство. Воведени се строги правила за нивно хранење, со високи казни за прекршителите.

Минатата година петгодишно момче било пренесено во болница со хеликоптер бидејќи на плажата го нападнало диво куче и го каснало по главата, раката и задникот. Во 2001 година, деветгодишно момче било убиено од динго во близина на камп на островот.

Динго е австралиско диво куче со жолтеникаво до кафено крзно, посветло на стомакот. Делумно е припитомен, па може често да се помеша со домашно куче. Ретко лае, но често завива. Се храни со помали кенгури, но убива и овци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот