Димитров: Бугарија во членот 2 од Договорот за пријателство има обврска да ни помага во процесот на европска интеграција

Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го немам проблеми со текстот, вели Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“ го коментираше меморандумот на Бугарија и дали е изненаден од тонот во документот.

-Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го немам проблеми со текстот. Имам големи проблеми, во определени делови е многу навредлив и дефинитивно не е во функција на градење на блискост, на пријателство, на заедничка европска иднина. Меѓу другото, Бугарија од членот 2 од Договорот за пријателство има обврска и да ни помага во процесот на европска интеграција. Ние почнавме еден многу сложен, но многу благороден процес на заедничко растење и овој тон и определени тврдења не помагаат, прават пречки. Идејата на договорот беше да се создадат механизми како да се решат отворените прашања без притоа тие да станат пречка на европскиот пат- вели Димитров.

Прочитајте и...  Заврши реконструкцијата на булеварот „Видео Смилевски-Бато"

Вицепремиерот вели дека според неговите сознанија овој документ засега не произведува последици во процедурата која е во тек во ЕУ, односно консултации на земјите членки по текстот на предлог-преговарачката рамка што првично ја подготви Европската комисија.

-Во моментов работите одат на линија на принципиелната позиција на ЕК, којашто излезе во македонската јавност, и во однос на македонскиот јазик и во однос на тоа како билатералните прашања се поставени во структурата на идната преговарачка рамка- вели Димитров.

 

Поврзани вести

Завршува јавниот повик за субвенции за инвертери, досега поднесени 5000 барања

Слободен печат

Стопанските комори на Западен Балкан со апел до владите за воспоставување „зелени линии” за брз проток на работници

Слободен печат

Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба

Слободен печат

Филипче и одговори на опозицијата: Нема да поднесам оставка

Слободен печат

Ќамил Рушити е назначен за координатор на кичевското Муфтиство

Слободен печат

Дачиќ: Немам желба за извршна власт

Слободен печат

Остави Коментар