Димевска: Во центарот за одвикнување од зависности „Нарконон“ нема заразени од Ковид-19

Во центарот за одвикнување од зависности „Нарконон“, нема заболени студенти, учесници во програмата, ниту волонтери. Се почитуваат мерките за претпазливост од ширење на корона вирусот, информираше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Александра Димевска, директорка на центарот.

-Ги почитуваме мерките од Министерството за здравство. Дополнително, користиме електронско банкарство, не дозволуваме влез на други возила однадвор. Сетоа тоа за да немаме многу контакт, вели таа.

„Нарконон“ како дел од мрежата центри под управа на италијанскиот центар, има обезбедено средства за дезинфекција уште во најрана фаза кога во Италија беа преземени мерките.

-Бевме свесни дека ќе дојде коронавирусот во Македонија, вели Димевска.

Активностите им се одвиваат непречено, тврди Димевска, со тоа што работат на подобрување на имунитетот на студентите кои се во Центарот за одвикнување и досега нема во ниту еден од центрите заразен од студентите или волонтерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот