ДИК ги објави официјалните резултати од изборите

Државната изборна комисија на одржаната јавна седница ги објави конечните официјални резултати, од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.
Според официјалните резултати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ – 327.408 гласа, односно 35,89 отсто и 46 освоени мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57 проценти или 44 мандати.
Демократската унија на Албанците- ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48проценти, 15 мандати, коалиција Алијанса/Алтернатива има 80.000 гласови или 8 проценти или 12 мандати, Левица – 30.426 гласови или 4,1 процент – 2 мандати, ДПА – 13.930 гласови или 1.53 отсто – 1 мандати.