Дибала е опција за Барса, клаузулата на играчот е 12 милиони евра

фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала има одлична сезона во Рома, и го привлече вниманието на европските гиганти. Овој 30-годишен фудбалер има откупна клаузула од 12 милиони евра која важи за тимови надвор од Италија.

Тој ѝ е понуден на Барселона, а Каталонците ја истражуваат можноста за таков трансфер, пишува „Спорт“.

Приоритет на Дибала е кариерата да ја продолжи во Шпанија, иако за него има интерес од англиски клубови. Во моментов, потпишувањето со него не е приоритет на Камп Ноу, но тоа може да се промени.

Аргентинецот има профил кој отсекогаш ѝ се допаѓал на Барса. Доколку е во прашање неговиот трансфер, Каталонците најверојатно ќе се откажат од Жоао Феликс кој во тимот настапува како позајмен од Атлетико Мадрид.

Сезонава Пауло Дибала има 19 натпревари во Серија А на кои има постигнато 12 гола и седум асистенции. Фудбалерот се пресели на „Олимпико“ во летото 2022 година во слободен трансфер од Јувентус. Неговиот договор со Рома е до крајот на претстојната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот