Џонсон за новиот налет на ковид-19: Штом нашите пријатели ги удри бран, се плашам дека ќе нè удри и нас

Борис Џонсон. / Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека третиот бран на пандемијата со ковид-19, што веќе ја разорува Европа, може да ја погоди и Велика Британија.

– Претходните искуства нè научија дека штом бран ги погоди нашите пријатели, се плашам дека ќе ги погоди и нашите брегови и очекувам да ги почувствуваме тие последици во догледно време, изјави Џонсон.

Запрашан за ризиците по програмата за вакцинација на Велика Британија од заканите на ЕУ за забрана за извоз на вакцини во Велика Британија, Џонсон вели дека мисли дека тоа нема да се случи.

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во средата објави заострување на правилата за извоз на вакцини за ковид-19 во оние земји кои имаат поголема стапка на вакцинација и кои го ограничуваат извозот на вакцини произведени на нивна територија.

Европските лидери треба да разговараат за забраната за извоз на „АстраЗенека“ во Велика Британија на виртуелниот самит в четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот