Џафери очекува една од трите највисоки државни функции повторно да биде во рацете на Албанец

фото: МИА

Џафери додал и дека работа на чувство е поврзувањето на Законот за аменстија и гласањето на уставните измени.

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за Канал 5, вели дека ќе ја прифати одговорноста доколку му биде понуден спикерското столче и во следниот мандат, но и во спротивно очекува да се продолжи праксата една од трите највисоки државни функции да биде во рацете на Албанец.

Според него, носењето на Закони не е во однос на победници или губитници, туку основна наделжност на Собранието.

– Во однос на гласањето на Законот за јазици, мислам дека беше во рамки на демократијата. Останува на јавноста да цени кој каков крај извлекол од случувањето. Во врска со Венецијанската комисија, оценка на комисијата е дека Законот не излегува од Уставот на Република Северна Македонија. Институциите се должни да ги исполнуваат условите за спроведување на секој закон –  истакнал Џафери.

Џафери додал и дека работа на чувство е поврзувањето на Законот за аменстија и гласањето на уставните измени.

– Јас немам убедување дека било кој од пратениците прифатил таква поврзаност. Впрочем, не може да се влијае со ништо врз волјата на пратеникот. Ако работите се поврзале една со друга, тоа е друга работа што можеби остава првично впечаток дека едното е заради другото дејствие. Периодот од една година е краток за да се видат ефектите од овие одлуки. Ова се историски одлуки кои ќе имаат историски реперкусии во позитивен контекст – објаснил Џафери во интервјуто за Канал 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот