Деветмина фатени со дрога за 12 часа на „македонскиот Егзит“ во Струмица

Фото: Костадин Костадинов / Фејсбук / принтскрин

„Во периодот од 18.00 часот вчера до 6 часот утрово, за време на одржување на музичкиот настан во Струмица кој беше најавуван како „македонски Егзит“, биле фатени вкупно деветмина посетители кои кај себе имале дрога, соопшти полицијата.

„Во Градскиот парк во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (26), Д.С. (20), Г.Б. (28), М.А. (45), А.С. (24), А.М. (25) и А.Б. (28), сите од Скопје, Џ.Б. (40) од Струмица и А.А. (19) од Кавадарци“, велат од МВР.

При преглед над лицата била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случаите, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.

Во Струмица синоќа се одржа одржа големата забава „Get EXITed“, во која се вклучени организаторите на фестивалот „Егзит“ од Србија, на кој повеќе од 20 години настапуваат најголемите имиња од светската и регионална музичка сцена.

Струмичкиот градоначалник синоќа објави дрон-снимка од настанот, со порака „Еве зошто Струмица е број 1 во државата!…“

Настанот е замислен како најава и вовед на големиот фестивал што од следната година, според организаторите, „ќе ја стави и Македонија во низата земји каде тимот на „Егзит“ организира фестивали и концерти“.

„Од самото основање на ‘Егзит’ постои голема врска помеѓу Македонија и нашиот фестивал, која ја одржуваме веќе две децении, а сега е време и ние да навратиме кај вас! Бидејќи врските помеѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е мило што во семејството на ‘Егзит’-настаните конечно ни се придружува и Македонија, а почетокот на оваа соработка е токму големиот ‘Get EXITed’ музички настан во септември во Струмица“, порачаа организаторите на прес-конференцијата одржана минатиот месец заедно со градоначалникот Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот