Девет нови случаи со Ковид-19 во Куманово, еден починат, девет оздравени пациенти

Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески
Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира девет нови случаи со Ковид-19. Од новозаболените седум се од Куманово, а двајца се од Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Девет пациенти се оздравени, а починат е еден пациент на возраст од 63 години.

– Сите новозаболени се од познати кластери, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, Ариф Љатифи

Извршени се 24 тестирања од кои 20 по „МојТермин” и четири епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.410, а во моментов активни се 361  случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот