Дете загина во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Фото: МИА / илустрација

На 25.05.2022 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, возило „рено клио” со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – Скопје.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

Санкционирани 67 возачи на автопатот Скопје – Велес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот