Дескоска: Има две причини поради кои Иванов не може да помилува

Mинистерката за правда, Рената Тренеска-Дескоска, објаснува дека постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата. Оваа реакција следува откако од кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се достави официјална информација дека до нив доставуваат барање за аболиција на осудените за настаните во Собранието од 27 април.

„Прво, постапката може да се води единствено преку Министерството за правда, со оглед дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во нашето Министерство. Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е ‘оживеан’, односно не постои во правниот систем на нашата држава“, објаснува министерката во изјава за Дојче Веле.

Втората пречка произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

„Од тие причини, по распишувањето на изборите, ни Министерството за правда не препраќа никакви предмети за помилување до Кабинетот на претседателот на државата. Откако ДИК официјално ќе прогласи дека изборите се завршени, потоа ќе може до Кабинетот на претседателот да бидат препратени барања за помилување. До овој момент во Министерството за правда не се стигнати никакви барања за помилување на осудени за настаните од 27 април. Има барања за други предмети, но како што кажав, тие чекаат да заврши изборниот процес“, укажува Дескоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот