Десетици мртви во конфликт меѓу племиња во Папуа Нова Гвинеја

Хаос во Папуа Нова Гвинеја / Фото: Andrew KUTAN / AFP / Profimedia

Десетици луѓе се убиени во конфликти меѓу племиња што избувнаа во висорамнините на Папуа Нова Гвинеја, пишува Гардијан.

Џорџ Какас, полициски командант на провинцијата Енга, рече дека племињата го започнале конфликтот со напад, по што друго племе направило заседа и отворило оган врз нив.

„Неколку мртви тела се уште се во грмушките, а соседните племиња допрва треба да ги преземат“, рече Какас, додавајќи дека ситуацијата се уште е тензична.

Властите првично соопштија дека во заседата биле убиени најмалку 53 лица, но подоцна се поправиле и рекле дека загинале најмалку 26 мажи.

Овој масакр е еден од последните случаи на ескалација на насилството во таа земја. Конфликтите меѓу племињата не се невообичаени во делови од Папуа Нова Гвинеја

Минатата година во конфликти животот го загубија 150 луѓе. „Ова се многу вознемирувачки вести од Папуа Нова Гвинеја“, изјави утринава австралискиот премиер Ентони Албанезе.

„Ќе обезбедиме поддршка, особено за обука на полицајци за зајакнување на безбедноста во Папуа Нова Гвинеја“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот