Десетгодишно девојче чие дело инспирира: Челси им подари 1.500 пакетчиња на децата без родители (ВИДЕО)

– Сакам да ги запознам сите деца на светот и на сите да им подарам прибор со кој можат да создадат уметност, вели Челси.

Челси Фер, десетгодишно девојче од Конектикат, во текот на пандемијата од коронавирус испрати повеќе од 1.500 пакетчиња на деца кои престојуваат во домови за деца без родители.

Секое пакетче содржи училиштен прибор: маркери, мрсни боички, хартии, боенки, дрвени боички, фломастери… Девојчето им ги испраќа во име на хуманитарната организација „Добротворна организација на Челси“, која ја покренаа нејзините родители.

– Од својата седма година не моли да ѝ покренеме хуманитарна организација. Многу е упорна, секој месец го повторуваше своето барање. „Дали наскоро ќе ја основаме?, прашуваше. Кога наполни десет години, повторно не праша за истото, па одлучивме да и ја исполниме желбата“, објасни за Си Ен Ен нејзината мајка Кендис Фер.

Хуманитарната организација на Челси е покрената во август 2019 година, на нејзиниот роденден, па наместо подарок побарала пријателите да ѝ донесат училиштен прибор кој потоа таа го дава во хуманитарни цели.

Од тогаш нејзината организација активно дејстувува и сите донации кои ги добива од луѓе ги проследува натаму до домовите за деца без родители. Пред почетокот на пандемијата, Челси неретко со мајката ги посетувала домовите и ги запознавала децата на кои им подарува училиштен прибор. Меѓутоа, сега се прилагодува на новата ситуација и пакетчињата ги испраќа по пошта.

– Се чувствувам прекрасно кога ќе видам како децата ги радува приборот. Мислам дека станав многу зрела од целото тоа искуство, а мој сон е да продолжам да се занимавам со ова, да ги запознам сите деца на светот и на сите да им подарам прибор со кој можат да создадат уметност. Кој знае, ако ние тоа го правие, тогаш и нашите деца… може ќе оствариме мир во светот, објасни девојчето за Си Ен Ен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот