Десет години „Ефектива“ – креативност која не запира

Софија Семенпеева, основач на „Ефектива“

Пред десет години, на 20 април, неколку енергични ентузијасти ја започнаа приказната на маркетинг агенцијата „Ефектива“, приказна исполнета со многу креативни авантури и позитивна енергија.

„Ефектива“ иницираше интересен концепт на работа, започнувајќи како центар за визуелна комуникација, односно маркетинг базиран на визуелното и на уметноста. Од почетните предлог-решенија за дизајн на пакување, книги, постери и други изданија, „Ефектива“ низ годините прерасна во сериозна маркетинг агенција со силен авторски печат и низа реализирани интегрирани кампањи за своите партнери.

– Низ оваа една декада растевме заедно со желбите и довербата на нашите партнери. Тие се и наши пријатели, со кои низ годините взаемно си помагавме и покажувавме трпение во најкритичните моменти. Пандемијата нѝ донесе нови силни и храбри клиенти со кои пркосевме и мудро се боревме во едни навистина специфични пазарни услови. Квалитет и градењето на долготрајни врски со потрошувачите е клучот на нашиот успех. Веруваме во секоја приказна која ја раскажуваме, бидејќи секојдневно живееме и растеме заедно со нив. Тоа нѝ дава за право да кажеме дека градењето од срце и со искрена креативна енергија е вистинскиот избор – вели Софија Семенпеева, основач на „Ефектива“.

Основата на делувањето на „Ефектива“ ја чинат два клучни столба – уметноста и хуманоста. Во многу од своите проекти агенцијата внесува силен социјален импакт. Најдобар пример за ова е уникатната е-галерија „Фрида.мк“, која служи како онлајн платформа за продажба на дела исклучиво од македонски уметници, додека дел од средствата од продажбата се наменети за социјално ранливите категории.

Маркетинг агенцијата „Ефектива“ е препознатлива по авторските проекти, како Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“, кој пред три години ја организираше големата ретроспективна изложба на илустрации на Димитар Кондовски и поттикна ново поимање на илустрацијата на нашите простори. Лани, ново светло беше фрлено и врз творештвото на Младен Туниќ, а годинава „Ефектива“ ќе ја отвори „Литера“ со ретроспектива на импресивниот опус на еден од најголемите илустратори и автори во регионот и Европа – Свјетлан Јунаковиќ.

Во јубилејната година „Ефектива“ најавува бројни настани, промоции и предавања за значењето на уметноста, литературата и илустрацијата, како основа за една силна и здрава култура со изграден визуелен идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот