Депонија во тетовска градинка каде се напасува и добиток, од словенечката компанија која требаше да менаџира со сметот нема ниту глас

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Смет низ јавните површини, но и купишта отпад околу контејнерите. Ваква е сликата изминативе неколку месеци откако Општина Тетово во неколку наврати вети дека словенечка компанија со која потпиша договор ќе започне да го менаџира сметот.

Но, странците никаде ги нема, а купиштата отпад се на секој чекор.

Она што загрижува е што отпадот е се поблиску до децата. Дива депонија никна во детската градинка во тетовската населба Поток, а во дворот каде има отпад се напасува и добиток.

Во време кога градот под Шара урива рекорди по аерозагаденост каде изминативе неколку дена концетрацијата на ПМ 10 честичките беше и за до 5 пати поголема од максималните граници, општинските власти буквално со прст не мрднуваат да преземат одредени чекори за ублажување на состојбата.

Градот се гуши во сообраќаен хаос и неконтролирана урбанизација, а она што највеќе загрижува е што тој се гуши и во кал и прашина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот