Денеска Регулаторна комисија се очекува да ја објави покачената цена на парното греење

Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

РКЕ објави дека засега прифатено било снабдување со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас. Овој износ, пресметано значи дека цената е покачена за 15 проценти повеќе од постојната цена која важи последните 6 месеци а изнесува 2,4174 денари за киловатчас.

Регулаторна комисија за енергетика се очекува денеска да ги објави деталите околу цената на парното греење, откако вчера одржа подготвителна седница на која бил прифатен тарифниот систем според кој од понеделник односно од 01.08.2022 година, парното, според една калкулација на РКЕ, треба да поскапи за околу 15 отсто.

Според најавите во текот на денешниот ден треба да биде појасно околу покачувањето на цената но и дали државата би субвенционирала дел од ова нова покачување.

Во меѓувреме РКЕ објави дека засега прифатено било снабдување со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас. Овој износ, пресметано значи дека цената е покачена за 15 проценти повеќе од постојната цена која важи последните 6 месеци а изнесува 2,4174 денари за киловатчас.

Предходно првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски изјави, „ако се водиме од порастот на цената на гасот, парното треба да се поскапи за 150 отсто, но државата тоа нема да го дозволи , изјави на неколку пати тој досега.

Инаку тендерот за нов снабдувач на топлинска енергија откако на БЕГ, пред неколку месеци му беше одземена дозволата, треба да се објави деновиве. ЕСМ која и сега е задолжена за испорака на топлинска енергија соопшти дека ќе учествува на тендерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот