Денес е Прочка: Да си простиме, со љубов кон ближните

Интернационален струмички карневал
Интернационален струмички карневал / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Празникот Прочка, или Велики поклади е ден во православното христијанство кога меѓусебно си простуваат верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува зависно датумот на Велигден, но секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Прочка е манифест на искрената и пожртвувана љубов кон блиските, кој треба да го следи примерот за благосостојба, примирје и прошка помеѓу луѓето.

Во практичниот дел од Прочка, помладиот му бара на постариот со зборовите „прости ми“, а постариот му одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува „бела“ или сирна недела, кога не се јаде месо, само млечни производи, сукани пити, баници или месено. Во семејната традиција, Прочка се слави во кругот на семејството, а традиционално завршува со најмалите кои седат во круг, а најстариот им „ амка“ јајца.

Во моето семејство, „амкањето“ јајца беше вистинска забава. Баба ми врзуваше јајце на коноп, сварено секако и го „амкаше“ помеѓу седум-осум деца, сите братучеди. Се веруваше дека оној кој ќе успее да го фати јајцето без да го скрши, ќе има бериќет цела година, а другите го даруваат со ситни парички, комат, лепче и слатки.

Прочка/Фејсбук
Прочка/Фејсбук

Денот пак, по Прочка се вика „Чист понеделник“ кога започнува големиот велигденски пост. Тој го означува и крајот на зимските, и почетокот на пролетните празници.
Главни елементи на Прочка се маскирањето и преоблекувањето. Обичаите велат дека за Велики Поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што е можно пострашни и посмешни. Во поново време, Прочка се поврзува со неколку карневали кои се оддржуваат во земјава, од кој најпознат и со најголема традиција е Струмичкиот карневал.

Струмички карневал: Свечености под маски, смеа и песни со историја долга 400 години

Простете си денес, и простено нека ви биде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот