Делови од Аеродром, Центар и неколку скопски села утре без струја

струја

Дел од корисниците од улиците „Ташко Караџа”, „Лазар Поп Трајков” и „Мите Богоевски” во Општина Аеродром утре од 7:20 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од селата Бањани, Горњани, Чучер, Мирковци и Рамно, од 9:00 до 12:00 часот корисниците со броевите 22, 23, 25, 26, 27, 28, и 29 од улицата „Христо Смирненски” во Општина Центар, а од 10:20  до 15:00 часот корисниците со броевите: 21, 23, 25 и 27 од улицата „Мите Богоевски” во Општина Аеродром.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија” АД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот