Дела од македонски композитори ќе имаат изведба на ДММ2024 со концерт на оркестарот на Националната опера и балет со солисти

Оркестар и хор на Националната опера и балет

Програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“ (ДММ2024) продолжува на 12 април, во 20 часот, со концерт на оркестарот на Националната опера и балет со солисти.

На концертот публиката ќе може да проследи дела на композиторите на кои им се одбележуваат јубилејни години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на дело на композиторот Стојан Стојков и дела на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.

Како солисти на концертот ќе настапат Весна Гиновска Илкова – сопран, Наде Талевска – сопран, Гонца Богоромова – сопран и Горан Начевски – баритон, со оркестарот под диригентска палка на Иван Еминовиќ. Влезот на концертот е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот