Фото: Општина Кисела Вода

Дел од жителите од село Драчево конечно ќе добијат канализација

Повеќе од 30 години жителите од улицата Илија Ристовски во село Драчево (Порупа) живеат во субстандарни услови

Жителите од селото Драчево, односно оние кои живеат на улицата Илија Ристовски наскоро ќе добијат фекална канализација. Околу деталите за реализацијата на овој проект локалното население разговараше со градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на заедничката средба.

– Повеќе од 30 години жителите од улицата Илија Ристовски во село Драчево (Порупа) живеат во субстандарни услови, што е поразително да се случува и во 21 век. Но, сето тоа завршува. Дојдов да им соопштам дека поставуваме фекална канализација на оваа улица и го решаваме деценискиот проблем со кој се соочуваат нашите сограѓани. Подобрување и нормализирање на условите за живеење е наша должност за која се обврзавме, затоа ќе ги решаваме дури и најситните проблеми кои ги мачат нашите сограѓани. Етапно, чекор по чекор Кисела Вода ќе станува место за живеење какво што заслужуваат нашите сограѓани. Модерно, чисто и инфраструктурно уредено – истакна Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот