Дел од општина Карпош без вода

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот „8 Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул. 8 Септември/ бул. Партизански одреди.
Корисниците ќе бидат без вода до завршување со санација на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот