Дел од Општина Центар денеска без вода

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради менување на вентили за потребите на ЈП „Паркови и зеленило”-Скопје на бул. „Илинден” бб  кај Градски парк, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булеварот и улицата „Аминта Трети”, вклучително и објектите на Собрание на Град Скопје и Општина Центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со активностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот