Дел од младите избегнуваат да се тестираат за да одат по ресторани и кафулиња, вели д-р Докиќ

Д-р Дејан Докиќ во гостување на „Канал 5“ / 24 септември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

Помладите граѓани одбиваат да прават ПЦР-тестови за ковид-19 во здравствениот систем, поради страв дека позитивниот тест ќе значи изолација и нема да можат да излегуваат, рече пулмологот Дејан Докиќ во гостувањето на Канал 5 вечерва.

„Ако се тестираат позитивни и бидат регистрирани, тие ќе бидат во изолација и нема да можат да одат во кафулиња и ресторани. Меѓу младите таа работа е многу присутна, ова го говорам од лично искуство. Еден дел од нив, приоритет им е да не бидат во изолација“, рече Докиќ.

Тој исто така посочи дека дури и луѓето кои по прележувањето на ковид-19 воопшто немаат антитела, имаат заштита од вирусот во иднина.

„Антителата природно опаѓаат со тек на време, но тоа не значи дека пациентите се имуни. Еве можеби да дојдат до нула, но ако се направат имунолошки испитувања, тогаш ќе видите дека имате имунитет. Тие помнат и го неутрализираат вирусот. Да не се плашат, оние кои прележале ковид-19 и да немаат антитела, се заштитени. Допрва ќе треба да се истражува колку трае имунитетот од прележан ковид. Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат”, вели д-р. Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот