Дебранец е нова жртва на измамници: Му го земал возилото без да го плати

Во последно време зачестени се кривичните дела – измами при купопродажба на патнички моторни возила.

Четириесет и двегодишен маж од Дебар е новата жртва на оваа измама. Тој во полицијата вчера пријавил дека бил измамен додека го продавал својот автомобил.

Купувач било лице кое се претставило како Ф.С. од Скопје, а со кое на нотар склучиле договор за купопродажба на автомобил.

„Ф.С. без да му ги исплати парите, влегол во возилото и го напуштил местото“, информираат од полицијата.

МВР пред два дена предупреди дека ваквите случаи се зачестени.

МВР: Внимавајте кому го продавате авомобилот, се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот

-Од страна на измамниците се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист- предупреди МВР.

Министерството презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелира до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот