Дебито на Македонија на ЕП ќе биде на 13 јуни во Букурешт

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Најважната споредна работа во светот, фудбалот денеска внесе радост кај сите Македонци во овие тешки времиња во кои за жал „владее“ коронавирусот.

Но, денеска во главната улога се македонските фудбалери кои остварија историски успех, обезбедија пласман на Европското првенство кое ќе се игра наредната година.

Фудбалерите и пред да го одиграат историскиот натпревар во Грузија ги знаеја евентуалните противници, а сега откако ја остварија целта, дебито на Европското првенство ќе го имаат на 13. јуни во Букурешт.

Натпреварот треба да започне од 18. часот, а првиот противник е селекцијата на Австрија.Во второто коло, Македонија исто така ќе игра во Букурешт против Украина од 18 часот, додека во последното трето коло во групата Ц, фудбалерите ќе играат против Холандија на 21. јуни во Амстердам во стандардниот термин од 18. часот.

ГАЛЕРИЈА: Историскиот успех на фудбалерите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот