
Давор Панчевски со велигденски рецепт за омилениот евергрин десерт: Васина торта – вистинска кралица на тортите
Старата добра Васина торта е вистинска кралица на тортите…
Препорачано
Многумина од нас пораснаа со нејзиниот препознатлив вкус бидејќи своевремено ова беше една од најчесто правените торти за родендени и најразлични празници, вели младиот кулинарски виртуоз Давор Панчевски.
Иако ова е апсолутен евергрин од торта, сепак Давор реши да ја претстави нејзината малку помодерна верзија, така што и направи изглед достоен за кралица на тортите.
За пандишпанот:
6 јајца
6 лажици шеќер
8 лажици ореви мелени
2 лажици брашно
сок од 1 портокал

За филот:
300 г мелени ореви
150 мл млеко
8 лажици шеќер
100 г чоколадо за готвење
250 г путер
5 жолчки
За шлагот од белки:
5 белки
15 лажици шеќер

Начин на подготовка:
1. За да го подготвите пандишпанот, во сад за матење со помош на миксер изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете околу 7-8 минути, додека не добиете густа смеса. Потоа, додајте ги мелените ореви и брашното. Промешајте и префрлете ја смесата во округло тавче на механизам број 28 обложено со хартија и премачкано со путер.
2. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 15-20 минути. Пандишпанот ќе знаете дека е готов кога ќе се дигне при печењето, па ќе се спушти и ќе се одвои од рабовите на тавчето. Тогаш е готов и може да го извадите од рерна. Оставете да се излади комплетно, а потоа премачкајте го со сок од 1 портокал.
3. За да го подготвите филот, во тенџере на оган ставете ги мелените ореви, млекото, шеќерот и чоколадото за готвење. Гответе додека сите состојки не се соединат и не добиете густа смеса. Тргнете од оган и оставете филот да се излади.
4. Штом филот е комплетно изладен, во сад на пареа изматете ги жолчките со помош на миксер. Гответе и матете околу 2-3 минути, а потоа префрлете ги во изладениот фил. Додајте го и путерот и матете додека не добиете изедначена смеса. Внимавајте путерот и филот да бидат на иста температура за да се соединат заедно. Вака добиениот фил префрлете го врз пандишпанот и со помош на шпатула распределете го низ целата површина.
5. На крај во тенџере на оган на најниската температура ставете ги белките и шеќерот. Матете со миксер додека не добиете мазен, сјаен и цврст шлаг од белки. Со добиената шлаг пена декорирајте ја тортата по вкус. На крај со помош на запалка за торти внимателно поминете врз шлагот додека не го добиете потребниот светло кафен изглед.
Добар апетит и забавно готвење, порача Давор.
