Давид Тошевски повеќе не е фудбалер на рускиот Ростов

фото: fc-rostov.ru

Како што официјално соопштија од Ростов, двете страни се договориле да ја прекинат соработката.

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски повеќе не е фудбалер на Ростов, Русите му посакуваат успех на напаѓачот во понатамошната кариера.

Како играч на Ростов, настапуваше како позајмица во Полска за Горник, а потоа и во Словачка за Земплин Михаловце.

Пред да го направи својот прв трансфер во странство, 22-годишниот Тошевски беше дел од Работнички. Има шест настапи за нашата У21 репрезентација.

Немаше голема минутажа, во дресот на Ростов, во првата сезона 2020/2021 во најдобрата руска фудбалска лига имаше шест настапи, потоа во сезоната 2021/2022 само шестпати беше на клупата, лани запиша два настапи, а во тековната еден настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот