Давид Луиз ги налути навивачите на Арсенал: Погледнете го овој кловн (ВИДЕО)

2020. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Премиер лигата се враќа на 17 јуни по тримесечна пауза, а последните денови пред официјалните натпреари, екипите ги користат за пријателски средби.

Дербито на првото коло по паузата ќе се игра на „Етихад“ каде Манчестер сити го пречекува Арсенал чии навивачи му се налутија на Давид Луиз.
„Топчиите“ одиграа два контролни натпревари, на првиот го совладаа Чарлтон со 6:0 додека на вториот добија шлаканица од второлигашот Брентфорд (2:3).

Навивачите на Арсенал токму на оваа средба му се налутија на Луиз кој реагираше почетнички, имено при водство на „топчиите“ Бразилецот на својата половина сакаше да си поигрува со противниците и тоа го чинеше грешка која донесе гол за Брентфорд.


По натпреварот експлодираа социјалните мрежи на кои фановите не го штедеа Луиз, но и целиот тим на Арсенал.

„Погледнете го овој кловн“, е највпечатливиот коментар за киксот на Луиз.

„Примивме гол бидејќи Давид Луиз одлучи да изведува трикови во својата половина обидувајќи се да реши двајца противници. Сократес потоа потрча во просторот и падна. Циркусот се враќа во вистинска смисла“, гласеше друг коментар но со иста цел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот