Дарио Ивановски второпласиран на полумаратонот во Мајами

фото: Дарио Ивановски/facebook

Дарио Ивановски го освои второто место на полумаратонот во Мајами, САД, со одличен резултат од 1:05:17.

Топлото време (27 степени целзиусови) го спречи Ивановски од соборување на македонскиот рекорд кој е во негова сопственост и изнесува 1:04:45.

Победник на полумаратонот беше Соломон Кагимби од Кенија со време од 1:04.29.

А на победничкиот подиум се најде уште еден Кениец, Лоренс Кипкоеч кој дојде до третото место (1:06.05).

Следен предизвик за македонскиот атлетичар ќе биде маратонот во Севиља (Шпанија) на 18 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот