Дали сте слушнале за СИН ЧАЈ? Еве зошто е толку популарен

Ако сте голем фан на зелениот чај во сите можни варијанти, синиот чај исто така ќе ве воодушеви.

Освен што изгледа многу убаво и необично бидејќи е син, тој е и многу вкусен. Многу е добар и за детокс на организмот, бидејќи има скоро исти лековити својства како и зелениот чај.

Се добива од сина тајландска орхидеја која расте главно само на Тајланд.
Овој цвет има само три ливчиња, а тие се отвораат само рано наутро, кога е и единствената прилика да се набере цветот за да се собере потребниот материјал за чај.

Image result for Clitoria ternatea

Собраните пупки се сушат околу 10 часа, а потоа се плетат во спирала за да продолжат да се сушат. Овој начин на сушење овозможува цвеќето да не ја изгуби својата арома и единственоста што му ја дава на оној што го пие.

Ги содржи витамините Б, Д, К, Е и Ц, кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот, а притоа е и полн со антиоксиданси, па истовремено врши и детоксикација на опрганизмот.

Во традиционалната ајурведска медицина со векови наназад се користи за подобрување на менталното здравје – намалување на стресот, анксиозноста, а притоа има и седативно дејство.

Поради својата специфичност се користи и за додавање на боја во различни јадења, а во некои делови на Азија се користи и како деликатес, така што билката се маринира во брашно и потоа се пржи на кокосово масло.

Може да се пие и ладен и топол, секако е подеднакво вкусен.

https://www.instagram.com/p/Bcp0NGLjUWL/?utm_source=ig_embed

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот