Дали ќе не чипираат за да се спречи ширењето на коронавирусот?

На дебатата за ефективноста и степенот на тоа до која мера ќе се наруши приватноста, слободата и правата на граѓаните, во Европската унија и Америка по пример на некои азиски земји и Израел, се подготвува воведување на телефонски апликации за следење и алармирање на граѓаните од заканата на заразените лица со коронавирусот кои се во нивна близина.

Во исто време, засега, со умерено внимание, се разви дебата во Белгија и Франција за тоа дали вакцината за коронавирусот, на што работат многу земји, ќе содржи и микроскопски нано-чип, кој би бил вграден за посигурен мониторинг и контрола во телото на луѓето кои ќе се вакцинираат.

Засега, експертите главно се возрджани и чекаат на доволни проценки и знаења за можните видови вакцини. Но, белгискиот доктор, поборник за природните лекови и третмани, д-р Тери Шмит, педагошки директор на Европскиот институт за природна медицина, силно привлекува внимание и тврди дека, во соработка со Светската здравствена организација, фондацијата „Бил Гејтс“ се финансирани седум проекти за вакцина против коронавирусот, меѓу кои и воведување на нано-чип во човечкото тело.

Нано-чипот би им овозможил на надлежните институции, здравството и другите органи целосно да го следат она што се случува во телото на граѓанинот, како и каде се движат и со кого се во контакт, но идентитетот на граѓаните мора да остане таен.

Белгискиот доктор смета дека тука лесно може да се премине линијата помеѓу контролата на заразата од вирусната инфекција и надзорот на граѓаните воопшто и особено го истакнува фактот дека веќе имало промена во потрага по вакцина што би била вградена во човечкото тело како „тетоважа“.

Шмиц тврди дека Бил Гејтс веќе инвестирал 250 милиони долари во истражување за пронаоѓање вакцини против коронавирусот, и вели дека оние кои би се вакцинирале со нано-чипови, би добиле и некој вид „пасош“ што ќе го потврдува тоа, и наведува дека ваков експеримент со чип-вакцина е извршена врз три илјади бегалци во Тајланд.

Дека овие тврдења на Шмиц се лажни, зборува Брук Бинковски, еден од уредниците на познатиот сајт на кој може да се проверуваат факти Truth or Fiction

„Ова се само одново „подгреани“ приказни кои циркулираат повторно – луѓето што се наклонети кон теориите на заговор само им ги менуваат имињата. Претходно беше Сорос, а сега, поради пандемијата, Бил Гејтс е на мета“, вели тој.

Бинковски се плаши дека овие лажни теории за Бил Гејтс кој ќе изгуби милијарди сакајќи да му помогне на човештвото, не се само интернет феномен, туку дека ќе предизвикаат вистински проблеми, кои ќе предизвикаат голема штета во борбата против пандемијата со ковид-19, затоа што веќе предизвикуваат страв и одбивност кон вакцина бидејќи на луѓето им се продава лажна вест дека притоа ќе бидат „чипирани“.

Водечкиот американски виролог, Енди Гаучи предупредува дека пандемијата со коронавирусот повторно ќе го нападне светот на есен, германската канцеларка, Ангела Меркел изјави во Парламентот дека „сè уште газиме на прилично тенок мраз и сè уште сме на почетокот на пандемијата“.

Затоа, Германија одлучи да воведе во рок од две до три недели можност, граѓаните кои сакаат да го сторат тоа, да инсталираат на своите смартфони и други мобилни телефони ново развиена апликација за следење на нивното движење и да добиваат информации за лица кои се заразени со коронавирусот и кои се во нивна близина.

И нашите власти воведоа апликација „СтопКорона“, со цел сузбивање на ширењето на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот