Дали и во Македонија завршила небезбедна храна во чиниите на граѓаните?

На веб страницата на Еуропол пишува дека и Северна Македонија учествувала во оваа акција, но ниту од царина, ниту од Агенцијата за храна, ниту од Министерството за внатрешни работи не добивме одговор каква стока била запленета во нашата земја и дали граѓаните треба да стравуваат дека субстандардна храна ќе заврши во нивните чинии.

Во гигантска акција на Еуропол и Интерпол во 83 земји, запленета е контаминирана или храна со истечен рок, субстандарден алкохол, 17.000 лажни тестови за Ковид 19, фалсификувани дезинфициенси, месо и друга високоризична стока за животот и здравјето на граѓаните.

На веб страницата на Еуропол пишува дека и Северна Македонија учествувала во оваа акција, но ниту од царина, ниту од Агенцијата за храна, ниту од Министерството за внатрешни работи не добивме одговор каква стока била запленета во нашата земја и дали граѓаните треба да стравуваат дека субстандардна храна ќе заврши во нивните чинии. Со оглед на несоработката од македонските власти со јавноста за да информираат за оваа акција, се обративме директно во Интерпол за информации и од таму очекуваме детали во текот на утрешниот ден.

Опасноста е уште поголема, зашто многу блиску до нас, во соседна Бугарија, во депо откриен е кашкавал контаминиран со ешерихија коли, а уништени биле 3.6 тони небезбедни млечни производи кои што требало да бидат процесирани во сирење. Од Агенцијата за храна не добивме одговор дали постои опасност ваквите деривати да бидат препакувани и да завршат на македонскиот пазар.

Корона кризата, како што тврди Еуропол, овозможила опасни прехрамбени продукти да можат полесно да ,,допатуваат” до полиците во супермаркетите. Во Америка фарсата отишла дотаму што 147 килограми живи семки од кајсии се продавале како ,,лек за канцер” а на крајот завршиле во пленот на истражителите. Акцијата траела од декември лани, до јуни годинава. Како дел од Опсон, откриени се 19 криминални групи инволвирани во измама со храна, а уапсени се 406 осомничени. Во пленот на полицијата се нашле 12.000 тони илегални и небезбедни производи, вредни 28 милиони евра. Меѓу заплената доминирале производи од животинско потекло. Интерпол и Европол заплениле 5.000 тони. Потоа следувале лажни или субстандардни алкохолни пијалаци,, вкупно 2.000 тони. Зачини во вредност од 306.000 евра биле запленети во Шпанија и Белгија.

Во Бугарија, Грција, Италија, Португалија и Швајцарија запленети биле 320 тони шверцувани или неквалитетни и субстандардни млечни производи како расипано млеко и сирење и кашкавал опасен по здравјето на граѓаните. Во акција водена од грчките безбедносни власти, а во која учествувала и Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Исланд и други земји, запленети биле 149 тони масло за готвење. Од нив поголемиот дел од маслото било маслиново и забележано и пријавено од горенаведените држави.
Се шверувале вотка и вино.

Генералниот секретар на Интерпол, Јурген Шток изјавил дека како што светот продолжува да се бори со пандемијата од Ковид 19, криминалните мрежи што ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи се крајно решени да профитираат.

Тоа што запленивме најразновидни и огромни количини на производи од прехрамбената индустрија и пијалаци, им служи како потсетник на граѓаните и на јавноста дека треба да бидат исклучително алертни и внимателни што купуваат, а органите на прогонот и понатаму да внимаваат, да надгледуваат и да реагираат, изјави Шток.

Властите откриле и илјадници лажни медицински производи, меѓу кои лажни дезинфициенси, 17.000 лажни китови за тестирање на Ковид 19. Всушност, операцијата демонстрирала дека глобалните дистрибуциски рути се длабински афектирани од светската здравствена пандемија. За разлика од претходните Опсон операции, вкупно 8 на број, оваа покажала дека значително поголеми количини на храна со истечен рок или храна на чија опаковка биле фалсификувани датумите на истекување на рокот завршувале на пазарите ширум светот. Ова најверојатно се случува зашто криминалците ги користат и профитираат од тоа што постои прекин на ланците за транспорт на храна предизвикани од затворањето на границите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот