Дали Град Скопје сам себе се демантира за светските листи за аерозагадување?

Загадување / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Според податоците на Ај-кју Ер, Скопје утрово беше десетти најзагаден град во светот, а попладнево се искачи на шесто место. Мерната станица за квалитет на воздухот во Скопје во десет часот утрово измерила високо ниво на загадување од 189,51 микрограми на метар кубен. Во меѓувреме, пак,  Град Скопје ги демантираше информациите објавени на „Ај-кј Ер“ со образложение дека главниот град не е ниту најзагаден во Македонија, а не пак во светот. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа, од Град Скопје велат дека се Кавадарци, Струмица и Тетово, според податоците од светскиот мониторникг сервис „WAQI“, велат тие.

Скопје на десетто место по загаденост/ Фото: Принтскрин

Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото – се вели во соопштението.

Скопје на шесто место по загаденост/ Фото: Принтскрин

Според „Ај-кју Ер“, Скопје на листата се најде меѓу Делхи, Вухан, Багдад, Белград и Сараево како најзагаден град во светот.

Најголема загаденост утрово е измерена на станиците во Лисиче, Центар, Гази Баба, и таа кај гимназијата „Нова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот