Дачиќ: Резолуцијата на ЕУ е „политички памфлет“ што ја валка Србија

Ивица Дачиќ - Фотографија ЕПА, Андреј Чукиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска оцени дека Резолуцијата на Европската Унија за изборите во Србија е политички памфлет кој не ги обврзува другите институции да постапуваат по неа, но дека останува горчливиот вкус дека Србија е извалкана, јави МИА од Белград.

Тој изјави дека постизборните потези на опозицијата се стратегија да се избегне признавање на „тежок изборен пораз“ и да се „извлече што поголема полза од уште една изгубена битка“.

– Изборите во секоја демократска држава се исклучиво внатрешно прашање и никој од надвор не може да се меша во нив. Ниту една држава која има минимум достоинство нема да го дозволи тоа – изјави Дачиќ во интервју за весникот „Курир“.

По повод седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која говореше и српскиот претседател Александар Вучиќ, Дачиќ рече дека тоа покажува оти Србија е почитувана на меѓународната сцена, дека нејзините ставови одекнуваат и дека се почитуваат дури и од оние кои ја поддржуваат Приштина најмногу.

– Србија постигна неколку многу важни работи, прво беше прифатено нашето барање за итна седница на Советот за безбедност, потоа успеавме да обезбедиме седницата да биде отворена за јавноста и на крајот со говорот на претседателот Вучиќ го дадовме нашиот најубедлив аргумент во однос на ситуацијата на Косово и Метохија, кој никој не може да го побие – рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот