Дабл-дабл на Димитријевиќ во поразот на Уникс против ЦСКА на Рајковиќ

Фото: nenodimitrijevic/instagram

Tимот на македонскиот стратег Емил Рајковиќ славеше победа во дуелот против Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ со 79:66.

Победата ЦСКА ја обезбеди во втората четвртина кога Уникс како да се распадна на паркетот, по што не можеше да ја надокнади негативата до крајот на мечот.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ го заврши натпреварот со 16 поени и 10 асистенции за Уникс, додека Амат Мбаје беше најдобар кај ЦСКА со 17 поени.

ЦСКА е лидер ВТБ-лигата со 11 победи, додека Уникс е второпласиран со осум триумфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот