Д-р Нуредини: Ги испитуваме вработените, не смеело да има надворешни лица во ковид центарот

Д-р Гзим Нуредини / фото: МИА

Координаторот на ковид центарот во Тетово д-р Гзим Нуредини денеска информира дека дванаесетмината спасени пациенти од модуларната ковид болница се во добра здравствена состојба, но не појасни дали двете цивилни лица од 14-те загинати биле роднини во придружба на пациенти, некои вработени или случајни минувачи кои спасувале пациенти при пожарот.

Нуредини информира дека денеска се распрашуваат вработените дали имале свои роднини кои биле пациенти во модуларната болница и дали им биле во посета во работно време или надвор од работното време.

Тој повтори дека посета на ковид пациенти е строго забранета и дека доколку имало надворешни лица во ковид центарот за тоа надлежните ќе понесат одговорност.

-Целата ситуација со пожарот траеше од 3 до 5 минути, имаше вработени, но и роднини или луѓе кои случајно тогаш се затекнаа таму и сите помагаа. Пламенот за 3 минути го зафати целиот простор. Лицата кои починаа имаа изгореници од прв степен и ги пративме на судска медицина за да може да се изврши нивна индентификација. Посетите се казниви. Испративме известувања до раководители на одделенија дека не се дозволува посета. Има и вработени кои се роднини на пациенти, бараме кои биле, ако се тие, дали се вработени во ковид центарот, дали биле во работно време на посета или потоа. Дали биле членови на семејства на пациентите или биле други лица, оти сите кои се затекнаа во близина во време на пожарот трчаа да помогнат-вели Нуредини.

Нуредини потврди дека на објектот имало видеонадзор, односно дека имало надзорни камери кои биле поставени странично, како и од предната страна.

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ Видеото со пожарот наводно од модуларната болница во Тетово е лажно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот