Д-р Ефремов: Староста на населението една од главните причини зошто во Италија е толку драматично

Има неколку причини зошто последиците од Ковид 19 во Италија се загрижувачки, а меѓу нив, главно бидејќи старосната граница на Апенинскиот Полустров е 10 години плус од останатиот просек во Европа, а Ковид 19 најтешко се изразува кај постарите лица, вели доктор Димитар Ефремов од Меѓународниот центар за генетичко инженерство и биотехнологија во Трст.

Ефремов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, рече дека бројот на заразени во Италија е сигурно поголем бидејќи во статистиката не се влезени сите кои не биле тестирани, а се заразени од вирусот.

-Ми остави впечаток високата стапка на смртност по глава на жител, околу 1 на 3000 жители на пример во Италија. Во Македонија е 1 на 60.000 жители и од тој аспект ситуациајта е загрижувачка во Италија. Погоденоста на Италија може да се толкува главно поради тоа што не се тестираа сите, туку оние со посериозни симптоми. Пред се старосната граница на населението. Во Италија на пример таа е за 10 години повеќе од другите земји, а втора работа е што никој не очекуваше на почетокот дека тоа е толку сериозна болест и мерките не беа навреме имплементирани. Трета причина е што овде има многу лица кои живеат во старечки домови и голем дел од починатите се луѓе кои беа во старечки домови, вели тој.

Ефремов укажува дека изминатите десетина опаѓа кривата на новозаболени на „Чизмата“, но вкупниот број на заразени тешко дека ќе се знае комплетно.

-Нема ни да бидеме сигурни колкав е бројот на луѓе во Италија кои биле заразени се додека не се почне со помасовни тестови. Во однос на ситуацијата има тренд на подобрување. Има намалување на новозаболени последните дестина дена. Тоа е добар знак, бидејќи потврдува дека мерките даваат резултати, меѓутоа се уште е рано да се каже дека ситуациајта е под контрола, вели тој.

Во однос на вакцината, вели доктор Ефремов, факт е дека во експерименталната фаза може да се продуцира брзо и веќе има некои кои се тестираат врз мал број испитаници, но проблемот е што развојот на вакцините минува низ неколку фази, кои треба да покажат дека немаат штетни ефекти.

-Кембриџ или Оксфорд имаат веќе нова вакцина која во наредните недели планираат да ја испитаат на 600 индивидуи, меѓутоа проблемот е што тоа се сепак мали серии и не може врз основа на тоа да се заклучи дали одредена вакцина е ефикасна или не. Ќе треба да помине подолго време за да се види дали вакцините што сега се развиваат се ефикасни, а оние кои ќе покажат најдобри резултати, ќе треба нивното поризводство да се зголеми за да дојде до што поголем број луѓе-, рече тој.

Доктор Димитар Ефремов во Меѓународниот центар за генетичко инженерство и биотехнологија во Трст работи на истражувања кои не се поврзани со вакцината за лекување на Ковид-19, но како што вели тој, одделот во Институтот задолжен за тоа, работи со полн капацитет на пронаоѓање на лекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот