Царовска: ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад

Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 Мила Царовска на трибина во Скопје ги повика граѓаните да гласаат за Коалицијата “Можеме”.

-Ќе ви кажам само три работи зошто не сме исти и зошто е важно секој од нас да излезе на 15 јули и да заокружи три. Првата работа што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ е праведност. За 2,5 години покажавме што е праведност. Праведност е кога на најсиромашните им ги качувата примањата за 300%, напсроти злоупотреба за гласање и поткуп на овие граѓаните. Праведност е да им помогнете на 12.000 стечајци да имаа достоинствен живот, работеле луѓето цел живот. Праведност е да се борите искрено и од срце, а ова јас ви го гарантирам да ја намалите нееднаквоста. Знам не е лесно тоа, но искрено се бориме за тоа. Праведност е да ја покачите минималната плата, да дадете повеќе пари за децата кои немаат еднакви шанси со нивните врсници. Е тоа е драги пријатели праведност. И изборот е праведна земја напсроти неправедна- рече Царовска.

Царовски посочи дека втората работа што ја нуди коалицијата “Можеме” се вика толеранција и почит.

-Толеранција е кога на лицата со попреченост ќе станат видливи. Кога искрено ќе се бориш тие да бидат еднакви. Почит е кога сите граѓаните ги третираш еднакво, кога сите мерки, си политики се наменети за сите без исклучок. Без рзлика која етничка припадност, каде живеат, кои се. Дали се жени и мажи. Тоа е почит за сите. Ние нудиме единство, тие разединување. Бираме помеѓу вакво општество и општество на поделби, омраза, непочит, нетелоренација- рече Царовска.

Царовска рече дека третата разлика кијашто е и најважа е насоката на земјата.

-Знаеме каде одиме, знаеме што не очекува. Со НАТО обезбедивме сигурност и безбедност, одиме кон ЕУ. Знаеме што ни носат преговорите со ЕУ, повеќе пари, подобар стандард, но и правна држава како за мене најважната придобивка од ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нуди изолација и враќање назад. Разлики има уште многу, но избор има само еден. На 15 јули изберете праведна, толернатна, напредна држава, каде секој од вас се цени почитува и напредува- рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот