Цакај задоволен: Извештајот на ЕК потврда за достигнувањата на албанската Влада

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај во реакција на Фејсбук за позитивната препорака на Европската комисија за отворање преговори на Албанија и Северна Македонија оценува дека станува збор за потврда за достигнувањата на Владата.

-Во извештајот на Комисијата, уште еднаш се препорачува итно и безусловно отворање преговорите за членство на Албанија во Европската унија, напиша Цакај.

Најавува дека веднаш ќе се започне со политичка и дипломатска комуникациска кампања со земјите – членки за да се убедат во потребата од отворање пристапни преговори со Албанија.

Цакај, исто така, ја изразува целосната посветеност на Владата за темелни реформи преземени во правецот на Европската унија.

Европската Комисија претпладнето ги објави и официјално двата извештаја за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија, наменети за земјите членки на Унијата да донесат одлука на крајот на овој месец за почеток на преговорите.

Пролетниот самит на ЕУ е закажан за крајот на март, кога се очекува преговорите со Скопје и Тирана да бидат ставени на дневен ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот