ЦУК: Пожарот кај Богданци е ставен под контрола, но сѐ уште се појавуваат жаришта

Пожар кај Ветропаркот во Богданци/Фото: ЦУК

Пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но сѐ уште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на распоредените пожарникари не им се дозволува да се прошират, информира Центарот за управување со кризи.

Како што соопшти ЦУК, на терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, пожарникари од доброволните ПП друштва од Валандово и Дојран како и тимови на ДЗС и Национални шуми и од Јавното комунално претпријатие од Богданци.Екипи на АД ЕСМ на терен утврдија дека нема никакви штети на ветерниците. Од ЕСМ информираат и дека нема никакви сигнали или исклучувања од заштитата во трафостаницата.

По направената проверка на филтрите и јавувачите за пожар во секоја ветерница ветерниците се повторно вклучени во производниот процес.

Во овој момент нема потреба од воздушна подршка – додаваат од ЦУК.

Пожарот кај Богданци сѐ уште не е ставен под контрола

Пожарот избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдов камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“. Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапо се сомнева дека пожарот го предизвикал човечки фактор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот