ЦУК: Гори сува трева кај село Кондово, пожарникарите се на терен

Пожар/фото:МИА

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека во 14.17 часот е пријавен пожар кај с.Кондово во Општина Сарај, каде што горела сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација.

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје се на терен со две возила и пет пожарникари и по интервенцијата ќе информираат за колкава површина се работи, се разбира и за другите пожари по коишто дејствувале.

Инаку, овој пожар на отворено е еден од повеќето во земјава денеска, врз коишто дејствуваат пожарникарските тимови од повеќе институции од Системот за управување со кризи, што е близу до патна мрежа и може да се забележи полесно, информираат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот