ЦУК: Активни пожари во прилепско и кривопаланечко, за едно деноноќие пријавени вкупно 23

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во прилепско сè уште е активен, а утрово настана нов пожар во кривопаланечкото село Кркља.

Во гаснењето на пожарот во селото Кркља интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило, а од 8 часот упатена е уште една екипа со четири лица со теренско возило од „Осогово“, подружница на „Национални шуми“.

Активен останува и пожарот во прилепско каде гори сува трева и нискостеблеста деградирана шума. Таму вчера заради брзото ширење на пожарот беа активирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија по два прелета – велат од ЦУК.

Во последното деноноќие пријавени се вкупно 23 пожари на отворен простор, вклучувајќи го и пожарот во кривопаланечко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот