Црна Гора предлага измени на Законот за јавни собири, казни и до 10.000 евра

Група пратеници од парламентарното мнозинство доставија до Собранието на Црна Гора Предлог за измени на Законот за јавни собири и јавни настани. Доколку амандманите се усвојат, а законот не се почитува, се предвидени казни до 10.000 евра, пишува „Танјуг“.

Предложената нова точка од законот конкретно предвидува санкционирање на одржувањето јавни собири на автопати, главни, регионални и локални патишта, како и на гранични премини, доколку тоа го попречува или отежнува сообраќајот, ја загрозува безбедноста или го ограничува движењето на граѓаните, што претставува значајна новина во нормативната рамка на сообраќајот и јавната безбедност.

Во Предлогот за измени се наведува дека и водачот на собирот ќе биде казнет ако веднаш не ги извести учесниците на јавниот собир дека собирот е прекинат и/или не побара од учесниците мирно да се разотидат.

„Глоба од 50 до 100 евра ќе му се изрече на водачот на собир ако: не дозволи непречено поминување на полициски возила, служби за итна медицинска помош, противпожарни возила и возила на други служби потребни за одржување на редот и мирот на јавен собир“, се наведува во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни собири и јавни настани.

Предлог-законот ја одвојува одговорноста помеѓу правни и физички лица.

Покрај правно лице како организатор, со глоби од 3.000 до 5.000 евра може да се казни и одговорно лице во рамките на тоа правно лице, додека физичко лице како организатор е казнет со глоба од 1.000 до 2.000 евра, а учесник во собир кој ја прекршува новата регулатива се казнува со глоба од 500 до 2.000 евра.

„Водачот на собирот сега ќе биде казнет со парична казна во зголемен опсег – од 1.000 до 2.000 евра, што значително го зголемува нивото на санкции во споредба со претходната рамка во опсег од 100 до 500 евра. Оваа промена јасно укажува на намерата на законодавецот да влијае на поголем степен на дисциплина и одговорност во управувањето со јавните собири преку построга казнена политика“, се наведува во Предлогот“, пишува агенцијата.

Ваквото законско решение предизвика расправии помеѓу црногорската власт и опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот