Цистерна со метан го отежна сообраќајот кај Плетвар

плетвар

РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот пожарникарите од Прилеп и екипа од Полициска станица ПС Прилеп на патен правец Прилеп – Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој испуштал гориво од возило – цистерна што превезувала течен гас – метан.

Возилото е отстрането од сообраќај, а на местото се упатени екипи од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради одстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.

Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.

За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп.

И од АМСМ известуваат дека од 16:50 часот на магистралниот пат Прилеп -Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Наизменичното пропуштање на возилата е заради безбедносни причини, каде што има истекување на гориво -метан кое е превезувано со цистерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот