Циципас си закажа пресметка со Кирјос на Вимблдон

Стефанос Циципас/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го совлада Џордан Томпсон од САД со 3:0 во сетови и обезбеди пласман во третото коло каде го чека Ник Кирјос.
Четвртиот носител на Вимблдон славеше со 6:2,6:3,7:5 за два часа и шест минути игра.

Немаше неизвесност во првиот сет, Циципас доминираше, но мечот можеше да добие поинаков тек доколку Томпсон успееше да го задржи високото ниво на игра во вториот сет кога поведе со 3:1. Наместо тоа, Циципас ги освои наредните пет гема за 6;3 и водство од 2:0 во сетови.

Најголемата борба сепак се водеше во третиот сет во кој двајцата тенисери го чуваа својот сервис се до 12 гем. Тогаш Циципас успеа да направи брејк што значеше и триумф и пласман во третот о коло каде го чека Ник Кирјос кој во три сета со 6:2,6:3,6:1 го победи Филип Крајиновиќ. Пласман во третото коло обезбедија и Лоренцо Сонего кој во три сета (7:6,6:4,6:4) беше подобар од Гастон, Тејлор Фриц со 6:3,7:6,6:3 го совлада Греј, додека ветеранот Гаске со 3:1 во сетови беше подобар од Мекдоналд.

Во женска конкуренција, двојната победничка на Вимблдон, Петра Квитора со 6:1,7:6 ја елиминира Романката Богдан. Ализ Корне беше поуспешна од Лиу (6:3,6:3), Рибакина ја победи Андреску со 2:1 во сетови, а вистинско изненадување претставува поразот на поранешната финалистка Каролина Плишкова која зао 6:3,6:7,6:4 загуби од Британката Боултер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот